Skip to main content

Кејн оптимист за шансите да ја освои „Златната топка“

 Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн гледа реална шанса да ја освои „Златната топка“ за најдобар играч во светот, но, притоа, е свесен дека трофејот со Баерн Минхен оваа сезона ќе биде клучен за остварување на тој сон, пренесува агенцијата БТА.

Кејн (31), кој е најдобриот стрелец на Англија на сите времиња, сезонава постигна 32 голови и додаде 11 асистенции на 37 натпревари во сите натпреварувања во дресот на Баерн, помагајќи му на германскиот гигант да биде лидер во Бундеслигата и да обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на шампиони.
Ниту еден англиски фудбалер не ја освоил „Златната топка“ по поранешниот напаѓач на Ливерпул Мајкл Овен во 2001 година. Сепак, Кејн верува дека неговите шанси да ја освои најголемата индивидуална награда во фудбалот се поголеми откако се пресели од Тотенхем во Баерн во август 2023 година.
„Самото тоа што сум во клуб како Баерн Минхен ми помогна да се развијам повеќе во однос на самодовербата и одговорноста. Се чувствувам како дефинитивно да станав подобар, напредував и можеби како фудбалер сум малку повеќе почитуван отколку во минатото. Веројатно тоа е она што го мислам во однос на поголема почит на глобално ниво, на поголема сцена. За такво нешто треба да освоите доволно трофеи за да бидете забележани и веројатно да постигнете 40 голови“, изјави Кејн

Поврзани вести