Skip to main content

Ќе почне со минута молк за загинатите во Кочани: Нашите фудбалери на мечот со Велс ќе носат црна лента

Европската фудбалска федерација УЕФА го прифати барањето на македонската фудбалска федерација, да се оддаде почит за загинатите и повредените во трагедијата која се случи во Кочани.

УЕФА дозволи нашите фудбалери на загревање пред мечот да се појават во црни маички со посвета за настраданите во трагедијата во Кочани. Освен тоа, мечот ќе започне со една минута молк во чест на загинатите.

Македонските фудбалери ќе носат црн флор во текот на целиот натпревар.

Поврзани вести