Skip to main content

Херојот на Шпанија: Не очекував повторно да дадам гол во 90. минута

Instagram / mikelmerino

Репрезентацијата на Шпанија е вториот полуфиналист на Мундијалот откако ја совлада Белгија со 2:1, а јунак на „црвената фурија“ уште еднаш беше Микел Мерино. Фудбалерот станува специјалист за голови по следните минути и носи победа на својата репрезентација.

Искрено, од една страна, дури ни во моите најлуди соништа не можев да замислам дека ќе го направам она што се случува токму сега – сигурно не повторно во 90-тата минута кога топката падна директно до мене во шеснаесетникот. Но, од друга страна, би рекол да, бидејќи секогаш верувам дека можам да се снаоѓам добро секој пат кога ќе стапнам на теренот. Верувам дека топката ќе дојде до мене. Искрено, лудо е повторно да можам да му помогнам на тимот, овој пат на поинаков начин, но во исто време да верувам, да верувам дека противничкиот голман може да направи грешка и да останам буден. Значи, навистина сум среќен, изјави новиот шпански херој Мерино.

Шпанија во полуфиналето на 14.јули во Далас ќе игра против Франција.  

Поврзани вести