Skip to main content

Халанд се надева на подобри времиња со Сити

 Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд проговори за ситуацијата во која се најде клубот. 

Видовме подобри времиња и ќе ги видиме повторно. Продолжуваме да веруваме – напиша Халанд на социјалните мрежи.

На последните седум натпревари „Граѓаните“ немаат ниту една победа и шест пати беа поразени.

Избраниците на Пеп Гвардиола во неделата загубија (0:2) од Ливерпул во 13. коло од Премиер лигата.

Дваесет и четиригодишниот норвешки напаѓач во лошата серија учествуваше на шест меча и на нив постигна три гола.