
Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, синоќа постигна гол во победата од 2:0 над Галатасарај во Лигата на шампионите во 8. коло.
Дваесет и петгодишниот Норвежанец го отвори резултатот во 11. минута по додавање на Жереми Доку. Со ова, Халанд постигна 56 гола во 56 натпревари во натпреварувањето. Тој се искачи на осмото место на листата на стрелци во Лигата на шампионите на сите времиња, израмнувајќи се со Холанѓанецот Руд ван Нистелрој (56 гола).
Германецот Томас Милер е седми со 57 гола. Португалецот Кристијано Роналдо е на врвот на листата со 140 гола.
Манчестер сити заврши на осмото место во генералниот пласман во Лигата на шампионите со 16 бода и се пласираше во осминафиналето

Македонски




