
По Марко Арнаутовиќ, Црвена Звезда ја засили и Душан Тадиќ. Тој дефинитивно ги прифатил понудените услови и потпиша договор со српскиот шампион и претставник во квалификациите за Лигата на шампионите.
И, ако доаѓањето на Арнаутовиќ беше најголемиот трансфер на црвено-белите, можеби во историјата, потпишувањето на Душан Тадиќ е подеднакво големо и значајно.