Skip to main content

Големата Стеауа срушена во Скопје: Шкендија го победи поранешниот европски шампион

Големата Стеауа, поранешниот европскиот шампион од Романија загуби во Скопје на дуелот против Шкендија.

Македонскиот шампион, славеше со 1:0, со што дојде до огромна победа.

Фудбалерот кој донесе голема радост на Градскиот стадион во Скопје е Нигериецот Алхасан, кој во 65 минута беше највисок и најснаодлиов во противничкиот шеснаесетник и со глава ја испрати топката во десен горен агол надвор од дофат на голманот на Стеауа.

Тој гол беше круна на крајно возбудливото второ полувреме, во кое Романците беа подобри во првата половина, но Шкендија, со голот целосно го збуни противникот и до крајот можеше да постигне и уште некој гол.

Поврзани вести