
Фудбалската федерација на Македонија денес објави дека е поведена дисциплинска постапка против ФК Вардар поради недолично, потценувачко, дискриминирачко и деградирачко прославување од страна на фудбалерите.
Како што е познато, вардарци шампионскиот трофеј го прославија во еден локал со недолични песни.
ФФМ исто така изрече и неколку глоби.
ФК Пелистер се казнува со глоба од 2.500 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 26. коло меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар.
ФК Вардар се казнува со глоба од 1.000 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 26. коло меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар.
ФК Шкендија се казнува со глоба од 5.000 евра поради навредливо скандирање кон ФФМ и скандирање со националистичка содржина на натпреварот од 31. коло меѓу ФК Шкендија и ФК Струга Трим Лум.
ФК Вардар се казнува со глоба од 2.500 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 31. коло меѓу ФК Вардар и ФК Силекс.
Шкендија Арачиново се казнува со глоба од 1.000 евра поради користење пиротехнички средства и влегување на претседателот на клубот на теренот за игра на натпреварот од 28. коло меѓу ФК Брегалница 2008 и Шкендија Арачиново.
Осогово Кочани се казнува со глоба од 300 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 24. коло меѓу ФК Осогово и Шкендија Арачиново.
ФК Детонит Плачковица се казнува со глоба од 150 евра поради фрлање шише со вода на теренот на натпреварот од 25. коло меѓу ФК Детонит Плачковица и ФК Брегалница 2008.
ФК Каменица Саса се казнува со глоба од 150 евра поради фрлање шише со вода на теренот на натпреварот од 24. коло меѓу ФК Каменица Саса и ФК Охрид Лихнидос.
Фудбалерот на ФК Шкендија, Имран Фетаи, се казнува со глоба од 500 евра поради недолично однесување, односно кршење врата по завршување на натпреварот од 30. коло меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија.
Шефот на стручниот штаб на ФК Шкендија, Јетон Беќири, се казнува со глоба од 500 евра поради недолично однесување, односно вербален напад врз припадници на МВР по завршување на натпреварот од 30. коло меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија.
ФК Брегалница 2008 се казнува со глоба од 5.000 евра поради слаба организација, присуство на неслужбени лица и недозволен број редари на натпреварот од 28. коло меѓу ФК Брегалница 2008 и Шкендија Арачиново.
ГФК Тиквеш 1930 се казнува со глоба од 5.000 евра поради истакнување банер со навредлива содржина кон ФФМ на натпреварот од 30. коло меѓу ГФК Тиквеш 1930 и ФК Аресими 1973.
ГФК Тиквеш 1930 се казнува со глоба од 5.000 евра поради користење пиротехнички средства и топовски удари, како и попречување камерман при вршење директен пренос на натпреварот од 30. коло меѓу ГФК Тиквеш 1930 и ФК Аресими 1973.

Македонски

