Skip to main content

Еуфорија, развиорени знамиња и многу, многу песна: Босанците знаат како да го прослават пласманот на Светско

Голот на Есмир Бајрактаревиќ, 21-годишниот фудбалер на ПСВ Ајндховен, во четвртата пенал серија против Италија, го означи палсманот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина на Светското првенство, но означи и почеток на еден колективен делириум.

Илјадници луѓе излегоа на улиците, со знамиња во рацети и со автомобили, но и пешки трубеа и скандираа за пласманот на Мундијалот.

Најголемата прослава се одржа во центарот на Сараево, каде што реки народ се собраа и во еден глас пееја и славеа до доцна во ноќта. Секако, најдраг музички хит беше „USA“, од Дубиоза Колектив, песната која пред баражите за Светското првенство стана неофицијалена химна на фудбалската репрезентација и нејзините навивачи.

Ваквите сцени треба да бидат поттик и мотивација и за нашите фудбалери, особено со оглед на тоа што станува збор за фудбалска селекција до неодамна беше зад нас на ранг-листата на ФИФА, а сега е само две места пред нас (Бих – 65, Македонија – 67). Тоа покажува дека ако се има верба и напорно се работи и се цели кон успех, и македонските фанови може да организираат слична прослава.

Поврзани вести