
Клубовите од англиската Премиер лигата потрошија околу 3,5 милијарди евра во летниот преоден рок во 2025 година, што е рекордна бројка, објавува Би-би-си.
За споредба, во летото 2024 година, трошоците за трансфери изнесуваа околу 2,2 милијарди евра.
Во исто време, англиските клубови потрошија повеќе во 2025 година отколку клубовите во Бундеслигата (Германија), Ла Лига (Шпанија), Лига 1 (Франција) и Серија А (Италија) заедно.
Најмногу пари чини трансферот на Александар Исак од Њукасл во Ливерпул. За него „црвените“ платија 144 милиони евра.