Skip to main content

Ден за оставки: И Куман си замина од клупата на Холандија

 Селекторот на Холандија, Роналд Куман, поднесе оставка преземајќи одговорност за елиминацијата од Мароко во шеснаесетфиналето на Светското фудбалско првенство.

Куман ја извршуваше должноста од 2023 година, а претходно беше холандски селектор и во периодот од 2018 до 2020 година.

„Донесов одлука да го завршам мојот мандат како селектор на Холандија“, напиша Куман на Инстаграм. „Сите сонувавме да испишеме историја на Светско првенство. Тоа не се случи. Никој не е поразочаран од мене и како селектор носам одговорност.“

Холандскиот стратег, воедно, навести и крај на тренерската кариера.

„Уште повеќе, последните неколку години повторно ме натераа да сфатам дека има поважни работи од фудбалот. Фудбалот беше мојот живот, но здравјето е бесценето. Кога некој што толку многу го сакаш води тешка битка, твојата перспектива се менува. И покрај сопствената болест, мојата сопруга Бартина ме поддржуваше секој ден и ме охрабруваше да ја завршам работата како селектор. Тоа покажува неверојатна сила. Повеќе сум ѝ благодарен за тоа отколку што би можел да го опишам со зборови“, напиша Куман.

На последното Светско првенство во Катар во 2022 година, Холандија под водство на Луј ван Гал дојде до четвртфиналето