Skip to main content
ppYc55q_uwQ

Дефанзивната тактика на Инзаги го сруши Баерн

Симоне Инзаги ја се осврна на синоќешната победа над Баерн Минхен со 2:1 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

– Мора да им честитам на моите фудбалери. Ова е дефинитивно резултат на највисоко ниво. И ова ме прави многу среќен. Направивме нешто незаборавно, но нема да значи ништо ако не го повториме тоа, на реваншот пред нашите навивачи.
Пред се, би го забележал не толку самиот резултат, туку како точно одигравме. Баерн е многу силен, но ние не заостанавме ни милиметар по ревност, храброст и спортски гнев. Баерн создаде голем притисок, но игравме квалитетен фудбал. При двата наши гола, акциите почнаа од нашиот голман. Можевме да го трошиме времето, но наместо тоа се обидовме да ја започнеме акцијата што е можно побрзо, изјави Инзаги по мечот во Минхен.

Реваншот ќе се одигра во Милано на 16 април

Поврзани вести