Skip to main content

Дали Трајковски ќе ја сруши Белгија како Италија во Палермо?

Македонската фудбалска репрезентација вечерва на „Планет Груп“ арената во Гент ќе го одржи последниот тренинг пред одигрувањето на квалификацискиот дуел против селекцијата на Белгија кој е на програмата утре со почеток во 20 :45 часот.

Македонската репрезентација е лидер на табелата во квалификациската група со бод повеќе од Белгија против која на првиот натпревар во Скопје одигра нерешено 1-1.

„Белгијците сега знаат против кого играат. Сметам дека тие сега ќе имаат поголем респект кон нас. Мислам дека притисокот е врз нив. Ние секој натпревар го играме исто, се подготвуваме на ист начин. Нормално е како тече циклусот да се зголемува и притисокот, но треба да го тргнеме на страна и да одиграме како што знаеме и да обидеме да стигнеме до добар резултат“, изјави репрезентативниот напаѓач Александар Трајковски.

Влогот за двете репрезентации е голем, бидејќи победникот од утрешниот дуел ширум ќе ги отвори вратите за пласман на Мундијалот идната година во САД, Мексико и Канада.

„Мислам дека ова ќе биде добар натпревар и дека нема да им биде лесно ниту на нив. Како што доаѓа крајот на квалификациите притисокот расте, исто е за нив и за нас. Ова ќе биде една од поважните средби која може да го реши патот во финишот на циклусот. Белгија без разлика на генерацијата, секогаш е силна, произведува добри играчи и не случајно е таму каде што е“, посочи Трајковски

Поврзани вести