Skip to main content

Борусија задоволна од Нико Ковач, го продолжи договорот

Управата на бундеслигашот Борусија Дортмунд го продолжи договорот со главниот тренер Нико Ковач, соопшти прес-службата на „Милионерите“.

Новиот договор на хрватскиот фудбалски стручњак е со важност до 2027 година.

Ковач дојде во Борусија Дортмунд во јануари 2025 година. Под негово водство, тимот го освои четвртото место во Бундеслигата минатата сезона и избори учество во Лигата на шампионите.

Во првото коло од новата сезона на Германското фудбалско првенство, Борусија Дортмунд одигра нерешено со Сент Паули (3:3)

Поврзани вести