
Македонскиот фудбалски прволигаш Тиквеш го назначи Борче Христов за нов шеф на стручниот штаб.
Искусниот 55-годишен стратег седнува на клупата на кавадаречкиот клуб на местото на Ѓорѓи Мојсов, кому минатата недела му беше врачен отказ.
Христов, кој во кариерата предводеше повеќе македонски клубови, а беше тренер и на азербејџански Карабах, ќе дебитира на клупата на Тиквеш в четврток на гостувањето во Битола против Пелистер.
По десет одиграни кола сезонава во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Тиквеш е на деветтото место на табелата со осум бодови.

Македонски








