Барселона продолжува со потпишување на нови договори со клучните играчи, откако денеска го стори тоа и со Гави.
Играчот од средниот ред го продолжува актуелниот договор за четири сезони – до летото 2030 година.
Истото беше направено и со Педри вчера, а според пишувањата на медиумите, се задржува вредноста на нивните откупни клаузули – по една милијарда евра.
„Таму каде што му е местото“, напишаа Каталонците за договорот на Гави.
За разлика од Педри, Гави е дете на Барса, а во клубот е од својата 10-та година.
Играчот од средниот ред сега има 20 години и има 131 натпревар за сениорската екипа, на кои постигна 9 голови и 17 асистенции. Со тимот на Блауграна има освоено една титула во Ла Лига и два шпански Суперкупа.
За негова несреќа, Гави го пропушти ЕП 2024 бидејќи се опоравуваше од тешката повреда.
Инаку, Барса ги обнови договорите и со капитенот Роналд Араухо и младиот дефанзивец Жерар Мартин. Ова ќе се случи и со Иниго Мартинез и Ламин Јамал.
Сепак, за Јамал тоа ќе се случи едвај на лето, кога ќе наполни 18 години.