Skip to main content

Барди го заврши претстојот во Бодрум

Инстаграм/bodrumspor

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди го заврши својот претстој во турска екипа Бодрум и од денеска е слободен играч. Клубот денеска на социјалните мрежи и официјално му се заблагодари на Барди за придонесот.

Македонскиот репрезентативец шест месеци го нозеше дресот на Бодрум, откако се пресели од Трабзон во јануарскиот преоден рок. 

Барди ќе има нова средина, а интерес во своите редови да го видат имаат екипи од Турција и од Шпанија.

Поврзани вести