Skip to main content

Ѕвездата Џос Стоун за прв пат на open air концерт во Македонија

Ако постои пејачка која во 21 век, покрај непрежалената Amy Winehouse, ја внесе на највозбудлив и најквалитетно можен начин, soul музиката пред сè, а потоа и останатите квалитетни музички правци, тоа е секако Joss Stone.

Уште од првиот албум “The Soul Sessions” издаден во 2003, кој ја освои престижната Mercury Prize, па до подоцнежните грандиозни Brit Award и Grammy награди, Joss Stone е тука – да покаже како тоа се прави!

Нејзиниот квалитет (како и фактот дека стана најбогата пејачка на светот до 30 години) ѝ овозможи на Joss да може да прави буквално што сака!
И да свири на фестивали како Glastonbury, и да прави турнеи по клубови со кои го обиколи целиот свет, како Total World Tour, која траеше 6 години.

Во склоп на таа турнеја, Joss настапи и во Скопје со клупско шоу, и се разбира – планираните 1000 влезници се распродадоа за неколку минути!

Дојде време за голема европска турнеја, во која со навистина неверојатната Joss Stone се гледаме ова лето во Скопје, на 21 јули, на најубавиот скопски простор за тоа – Стадион на АРМ!

Влезниците ќе бидат во продажба од четврток (27 ноември) во 10 часот наутро онлајн на avalonbooking.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk.тоа по следниве цени и категории:

ПАРТЕР – 1.990 денари
ФАН ПИТ – 2.990 денари

Се гледаме и уживаме!

Поврзани вести