
Во големиот пожар кој избувна во дискотека во Кочани и однесе 59 животи, повреден е пејачот на бендот ДНК Владимир Блажев Панчо, кој е голем пријател со српската пејачка Сара Јовановиќ.
Таа на својот Инстаграм профил сподели видео од Панчо и му се обрати со потресни зборови.
А ти добар наш Панчо… Знам дека се бориш лавовски, само како што ти умееш… Нема момент кога не сме помислиле на тебе. Ние сме со тебе со целото срце и душа, напиша Сара.
