Skip to main content

Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

Младата пејачка Викторија Ефтимова (21) го сними новиот сингл „Идеали“ за кој се надева дека ќе стане летен хит.

Денеска таа ги промовираше песната и спотот, а по промоцијата, ги почести гостите со изведба во живо на новиот сингл, и уште неколку песни кои ги испеа со нејзиниот бенд.

Позната по тоа што стана хит на социјалната мрежа ТикТок на која ја следат повеќе од 146 илјади фанови, а има близу 3 милиони допаѓања, Вики е уникатна по тоа што кај неа нема ограничување со музичките стилови.

„Идеали“ не е приказна, туку дијагноза на времето во кое живееме. Напишана е во момент кога сфаќам дека сите трагаат по она што го немаат, а забораваат на тоа што ни е пред очи. Инспирација ми беше тишината. Во неа најгласно се слуша вистината која боли да се каже“, вели Викторија.

Ова е нејзин десетти сингл по ред и ќе биде дел од албумот кој треба да излезе до крајот на годинава. Викторија е комплетен автор на песната. Таа ги напиша текстот, музиката и аранжманот како и на сите нејзини песни досега. Таа има вкупно 214 напишани и неиздадени песни.

Никогаш не дозволувам друг да ја бои мојата слика. Видеото е моја визија, секако, песната е душата, а спотот е погледот во очите. Сакав да постигнам сурова емоција без филтри и без шминка. Луѓето водат некој дневник, некои работни обврски, а јас пишувам песни. Тие преку 200 песни не се само работа, туку 200 различни моменти во кои сум се нашла. Јас моите години ги доживувам само како број, а искуството во напишаните редови. Некој многу зборува, а јас пишувам, додава младата пејачка.

„Идеали“ е летна поп-песна и е нешто различно од сето она што го работела досега. Со неа, Вики сакаа да ги поттикне младите пејачи да снимаат повеќе, и воопшто македонските музичари да објавуваат повеќе нови песни и албуми и да полнат арени. Ова е нејзин десетти сингл по ред и ќе биде дел од албумот кој треба да излезе до крајот на годинава. Викторија е комплетен автор на песната. Таа ги напиша текстот, музиката и аранжманот како и на сите нејзини песни досега.

Имам вкупно 214 напишани и неиздадени песни кои ги чувам ‘во фиока’. Дел од нив би требало да излезат во наредниот период, а ќе испеам јас или некој од моите колеги. Најважно од сѐ ми е македонската музика да ја кренеме на повисоко ниво“, вели пејачката. Спотот за „Идеали“ е снимен на интересна локација во „Хедон ресорт“ на Водно.

Во видеото има повеќе статисти, но главните ликови ги глуми Викторија.

Има еден интересен момент во спотот, кога ме послужуваат ми со црвено и бело вино што симболизира лоша комбинација која ми ја зема свеста и разговарам сама со себе, симболично на парите и славата што ни го матат умот и забораваме на вистинските квалитети во музиката и се препуштаме на тоа што го прават сите. Приказната во спотот е дека се губиме себеси, исто како кога ќе се измешаат црвено и бело вино“, вели Викторија.

Младата пејачка вели дека е кретивна во секој дел од денот. Инспирација за мелодијата и текстот можат да ѝ бидат секојдневна случка или луѓето околу неа. Таа е искусна и во класичната музика. Студира соло пеење на Факултетот за музичка уметност во класата на Весна Ѓиновска-Илкова.

Како алт-мецосопран има настапено на повеќе концерти на факултетот, а и на концерт во Националната опера и балет.

Инспирацијата нема пол, таа има само емоции. Сакам луѓе кои имаат карактер и длабочина. Многу е поинтересно отколку што можете да замислите, ама ја чувам само за оние кои ќе ја заслужат. Среќна сум, исполнета и имам многу љубов за давање, но на оној на кој ќе му ја дадам ќе остане најслатка тајна. Но, оној кој ќе ги слуша моите песни, можеби и ќе открие“, додаде младата пејачка.

Фото: Андреј Ангеловски

Поврзани вести