Skip to main content

„Најдоброто од Игор Џамбазов“ на СОС фестивалот вечерва во Прилеп

Игор Џамбазов со „Гуру Харе бенд“ ќе одржи концерт во ЦК „Марко Цепенков“ на 4 април 2026/сабота/ од 19 часот.

„Најдоброто од Игор Џамбазов со  ‘Гуру Харе бенд’ ќе биде на сцената,  при што најпознатите хитови ќе прозвучат во полн сјај. Ќе се изведат и песни од последниот албум ‘Првите триесет’. Ќе се слават блузот и пишаниот збор. ‘Најдоброто од Игор Џамбазов’ е во рамките на ‘С.О.С фестивалот‘, кој во 2026 ќе се одржи во повеќе градови низ Македонија и е поддржан од Министерството за култура и туризам“, вели организаторот „Фреш унион“.

Поврзани вести