Skip to main content

Во Битола ќе се одбележи Меѓународниот ден на џезот со концерт на Филип Динев Трио

По повод Меѓународниот ден на џезот Младинскиот културен центар Битола ќе организира концерт во живо на Филип Динев Трио во среда на 30 април 2025 година со почеток во 22.00 часот, во кафе бар Порта Џез во Битола.

Филип Динев е македонски гитарист/композитор со интернационална кариера. Магистрант на ХФМТ Хамбург, автор и продуцент на 2 оригинални изданија – „Romann“ (2024) и „Szvetlo“ (2020). Париз, Будимпешта, Базел, Талин, Берлин, Хамбург, Лајпциг и Дрезден се само дел од европските градови каде Динев има концeртирано. Композиторскиот печат и виртуозноста со влијание од класичнабалканска и традиционална џез музика го прават Динев еден од најавтентичните гитаристи во регионот и Европа. Покрај авторските концерти, свирел и со светски имиња, како Nils Landgren, China Moses и Teemu Viinikainen.

Овој концерт по единаесетти пат ќе ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.

Поврзани вести