Skip to main content

Традиционален велигденски концерт на„Танец“ во МОБ

Танец

Во пресрет на Велигден, в среда, на 16 април, Ансамблот за народни игри и песни Танец, традиционално со спектакуларен концерт во Националната опера и балет, со почеток во 20 часот, го одбележува овој верски празник, но длабоко вкоренет во македонската духовна и културна дефиниција.

Преку изведба на народни ора и песни, ансамблот ја доловува радоста и симболиката на овој голем христијански празник, истовремено славејќи ја пролетта и повторното раѓање на природата.

Концертите на Танец не се само културен настан, туку и духовно патување, кое секогаш ја потсетува публиката на значењето на Велигден и на богатството на македонскиот фолклор. Со својата страст и посветеност, ансамблот „Танец“ го прави овој празник посебен и незаборавен.

Во програмата на утрешниот Велигденски концерт на Танец, најавени се изведби на стилизирани кореографии на ората Мијачка, Поречки игри, Кавадрака, Преспански игри, Драчевка…, како и изведба на „класични“, изворни народни песни од солистите Сузана Спасовска, Драган Николовски, но и машки и женски вокални групи.

Поврзани вести