Skip to main content
a56K03TdNIs

Тамара и Билбилов ја прерабтија „Време за плачење“, неколку дена пред концертот за Кочани

На само неколку денови до хуманитарниот концерт во МКЦ, заедно со мојот добар пријател и соработник Роберт Билбилов решивме да Ви подариме една нова верзија од безвременската „Време за плачење“ – една од моите омилени песни од маестро Џамбазов, сподели денеска Тамара Тодевска, промовирајќи ја новата верзија на култната песна.

Хуманитарниот концерт на Тамара ќе се одржи на 8 мај во МКЦ Скопје, а сите средства од влезниците ќе бидат донирани за погодените од трагедијата во Кочани.

Хуманитарниот концерт за Кочани ќе биде едно поинакво доживување од сите претходни концерти и настапи на Тамара Тодевска. Присутните ќе имаат можност да ги слушнат песните на Тамара во поинакви аранжмани, со што истите ќе добијат нова вредност и ќе бидат адаптирани само за овој музички настан. Да бидеме хумани и солидарни, за оние на кои им е најпотребно, велат од организацијата.


Поврзани вести