
Денес, со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи петтиот и последен настан од утврдената соработка на Аудиокултура со Музичка Академија на Универзитет „Гоце Делчев“ од Штип.
Преку изведба во живо на избрани џез композиции, студентите и во оваа прилика ќе ги обединат своите музички знаења, квалитетна музичка структура, културна наобразба и слободоумност.
За оние кои не можат да присуствуваат на настанот Аудиокултура и своите соработници овозможуваат LiveStream на својот FB канал.
Резервирајте го своето место и уживајте во ентузијазмот кој го носат младите музичари во Аудиокултура.