Skip to main content
nDSIU1wfeTE

Стотројка го објави најновото музичко издание на fydhws, насловено „од почеток?“

Стотројка го објави најновото музичко издание на fydhws, насловено „од почеток?“.

Ова EP (проширено издание) е саундтрак за истоимениот краткометражен документарен филм, дело на македонскиот музичар и филмски автор Кристијан Петрески, кој живее и создава во Прага.

Се работи за комплексно дело, органски спој на филмска документаристика и амбиентална музика, инспириранo од секојдневното движење на авторот низ Прага. Како инспирација служат контрастните градски пејзажи: напуштени згради покрај поранешни работни места, скриени шуми помеѓу бетон и цевковод, градилишта во близина на неговиот дом како и честите прошетки низ паркот Стромовка. Почетните, речиси случајно снимени филмски кадри, со текот на времето се развиле во заокружена аудиовизуелна целина.

Овие контрасти постепено ја обликуваа централната емотивна нишка на делото: уништување на она што е веќе труло, за да се направи простор за нешто ново. Машинеријата и природата, колапсот и обновата, темнината и светлината коегзистираат низ целото дело, без да се приклонат кон некаков фиксен наратив“, објаснува авторот Кристијан Петрески.

Новото издание на fydhws (фидус) е веќе достапно за јавноста и нуди уникатно, контемплативно аудиовизуелно искуство.

Поврзани вести