Skip to main content
Хрватската ѕвезда блесна во Велес

Северина го прегрна македонското знаме и порача: Многу ве сакам, да ја чувате Македонија

veles.gov.mk
veles.gov.mk

Хрватската музичка ѕвезда, Северина, со својот настап во Велес, даде огромен придонес за втората вечер од Велешкта Питијада да биде голем успех и долго време да остане врежана во сеќавањето на сите оние коишто го проседија нејзиниот концерт во градот н гемиџиите.

А, просторот пред бината, како и улиците и штандовите во околината беа претесни и целосно исполнети од луѓе кои дојдоа да уживаат, не само во музиката, туку и да пробаа велешка пита македонско вино.

За убавата атмодфера, популарната Севе од самиот почеток на својот настап, покажа дека е рсположена да ги разигра и распее присутните, кои заедно со неа ги пееја стиховите на нејзините хитови.

Врвот на возбудата дојде кон крајот на концертот, кога Северина зеде македонско знаме со кое се покри додека пееше и танцувше по сцената, при што на сите присутни им кажа дека многу ги сака, дека е бескрајно багодарна за одличниот прием и енергијата што публиката ја покажа и јасно им порача да ја чуваат Македонија.

Своја улога во речиси двочасовниот настап имаа и членовите на бендот. Секој од нив, додека Северина ги претставуваше, имаа подготвено по некое специјално изненадување за присутните, па така, на сцеата можеше да се чујат и нумери како „Македонско девојче“ или „Македонија“ од Дадо Топиќ, што беше шлаг на тортата за затворање на концертото на Северина во Велес.

Поврзани вести