
На 28 мај во просториите на барот „Глуво Куче” во Скопје, се случи слушачка промоција на винилот за последниот албум на групата „Суперхикс“ насловен како „Сила и Нервоза”
На промоција беа присутни бројни фанови, пријатели и новинари.
Ова е второ винилно издание на Суперхикс по она од 2107-тата година за “Андерграунд Евергринс” а истото е во издание на Корпус Деликти и Кичма Рекордс и ќе може да се најде на неколку локации.
Албумот е сниман и миксуван во студиото Тра Ла Ла на продуцентот Мите Димовски а винилното издание е во ограничен тираж од 200 примероци.
По промоцијата бендот заминува на кратка летна турнеја која започнува оваа сабота со настап во Виница по која следуваат и датуми во Бугарија, Дојран и други.
Бендот оваа година прослави 31 година активна работа