
Октетот Прилеп на 11 март, вторник, од 19 часот, во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ ќе одржи Осмомартовски концерт, кој стана веќе традиција и секоја година се одржува во чест на празникот на жената.
На програмата се извонредни староградски композиции кои се дел од богатиот репертоар на октетот низ годините: „Душо моја прости ми“, „Марие дилбер бела Марие“, „Кате , Кате лично моме“, „Дигни си Маре очите“, „Никнало цвеќе шарено“, „Добро утро Прилеп мој“ и други.
Октетот Прилеп 30 години ја негува староградската песна и настапува на сите фестивали во земјата за староградска музика. Работи под покровителство на ЦК „Марко Цепенков“ и годинава неговата дејност е поддржана и од Министерството за култура и туризам.