Skip to main content

Оскаровска гала вечер во МНТ со песни од филмската историја

Во Македонскиот народен театар вечерва ќе се одржи втората Оскаровска Гала вечер.

Како што најавија организаторите, на концертот ќе бидат изведени песни кои влегле во филмската историја и биле номинирани и наградени со Оскар. Ќе ги исполнат врвни македонски пејачи, Наде Талевска, Ана Петановска, Светлана Јовановска (South Park), Горан Наумовски, Денис Димоски, Дејан Бобиќ Дексо, Марија Димитријевиќ, Јасна Димитровска заедно со Битолскиот Камерен Оркестар IWConnect под дригентската палка на Владимир Димовски и „Полифонија“.

Коментаторката на Оскаровското шоу и авторка на емисијата за филм „Во кадар“ на МТВ Миланка Рашиќ, ќе ја води публиката низ Оскаровските приказни.

Ана Петановска

Филмската магија на сцената ќе ја создадат и настапите на балетските уметници Саша Ефтимова и Ендрју Кук, како и танчерите од танц клубот Dancers United.

Пристигнувањето на посетителите на Црвениот тепих е од 19.30 часот, а концертот Оскаровска Гала вечер ќе започне во 20 часот.

Настанот ќе се одржи точно една недела пред 97-та Оскаровска церемонија во Лос Анџелес.

Поврзани вести