Концертот на Националниот џез оркестар синоќа ја исполни салата на Македонската филхармонија до последното место.
Присутните навистина можеа да уживаат во гламурозен настан, со прекрасни аранжмани и прекрасни солисти кои ги изведоа композициите од албумот „Rock Swings“ на Пол Енка, но и со хитови од 1980-тите и 1990-тите години, рок и поп-хитови, меѓу кои се хитови на „Спандау балет“, Ерик Клептон, Ван Хален…
На концертот под диригентство на Џијан Емин беа изведени во оригиналните аранжмани, платени за овој настан, а специјални гости беа: Бранислав Николов (Пијан Славеј)и Дејан Бобиќ-Дексо и џез-вокалистите Светлана Јовановска и Џон Илија Апелгрен. Секој од нив ќе изведе по четири песни од албумот на Енка.
Публиката ги знаеше овие песни и уживаше на концертот, потпевнуваа, плескаа во ритамот на музиката, но песните беа во едно ново, поинакво светло со прекрасни аранжмани.
Националниот џез оркестар саботната вечер ја исполни со енергија, страст и музичка мајсторија што публиката ја остави без здив. Присутните беа дел од музичкиот спектакл што ги обедини љубителите на рокот и џезот, уживаа во звуците на „Golden Rock Swings“ и музиката ги понесе на едно незаборавно патување.