Skip to main content

MTV The Greatest Hits Volume 3 – Битола, 13 септември 2025

По точно две години од првото спектакуларно издание во Битола, градот повторно ја има честа да биде домаќин на едно од најомилените музички случувања – MTV The Greatest Hits заедно со Битолски Камерен Оркестар IWConnect! Овој септември, Битола повторно ќе заживее во ритамот на најголемите хитови од 80-тите и 90-тите, овојпат со комплетно нови песни и свежи аранжмани кои ќе донесат уште поголема енергија и возбуда.

„MTV The Greatest Hits“ е веќе еден од најпопуларните проекти кај нас – баран насекаде низ Македонија, па дури и во Србија. Сега, со своето трето издание, се враќа токму таму каде што започна – во Битола. Подгответе се за уште една незаборавна атмосфера, песни кои сите ги знаеме и сакаме, и емотивно патување низ времето – со звук што обединува генерации.

13 септември 2025
Центар за култура – Битола
Почеток во 20:00 часот

Во септември, Битола повторно ќе биде музички центар. Не го пропуштајте MTV The Greatest Hits Volume 3!

Поврзани вести