Skip to main content

Мојот живот се промени откако го запознав Дејвид Боуви, кажа на концертот во Скопје саксофонистот Дони МекКаслин кој свиреше со Националниот џез-оркестар

Со извици „браво!“, долг аплауз, стоечки овации и враќање на бис беше поздравен еден од највечатливите саксофониски на современата џез-сцена, Американецот Дони МекКаслин кој синоќа, на 14 јули на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) настапи заедно со Националниот џез-орекстар.

МекКаслин со синоќешниот концерт покажа дека е еден од најсмелите саксофоности на денешницата, а публиката во Скопје тоа го препозна и го награди со громогласен аплауз по секоја изведена композиција. Тој се заблагодари на публиката, а посебно на Националниот џез-оркестар за кој имаше само пофални зборови. Зборуваше и за соработката со музичкиот гениј Дејвид Боуви, со кој соработувал на неговиот последен албум „Блекстар“ (Blackstar), кој музичката индустрија го вбројува меѓу најзначајните изданија на 21. век.

Благодарам што дојдовте. Многу сакам да ја свирам музиката на Марија Шнајдер, американска композиторка, освојувачка на повеќе ‘Греми’ награди. Таа ме запозна со Дејвид Боуви. Мојот живот се промени откако го сретнав Дејвид Боуви, кажа МекКаслин, кој вторпат во кариерата гостува во Скопје.

фото: Република

Диригент на концертот беше маестро Владимир Николов. Оркестарот ја изведе неговата композиција „Жртви на лакомост“, која МекКаслин лично ја одбрал да се свири на концертот во Скопје.

Оваа композиција во прво време се роди како тренодија, посмртна песна, кон жртвите на несреќата во Нови Сад лани, но како се развиваше понатаму, повеќе работи се случуваа и во нашата држава, во околината и во светот, посветив повеќе фокус на темата и се прероди во една биг-бенд композиција, акапела композиција, без ритам секција. Во меѓувреме почнавме да го подготвуваме овој концерт и МекКаслин лично ја одбра, меѓу многу други, што прилично ме изненади, така што решив да ја преработам за него како солист со оркестар за оваа прилика, кажа на синоќешниот концерт маестро Николов.

Поврзани вести