
Мандолинскиот оркестар „Скопје“ под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри ќе одржи традиционален концерт во камерната сала на Филхармонија вечер со почеток во 20 часот.
Како солисти ќе настапат Дарко Багески на гитара, Стефан Милошевиќ и Марко Баловски на мандолина. На програмата ќе бидат изведени дела од Вивалди, Мандонико, Хачатуријан, Кувахара, Вилијамс…
Како и секоја година, така и оваа, во соработка со „Нула отпад“ ја шириме и негуваме еко-свеста со тоа што публиката ќе може да донесе било каков електронски отпад и истрошени батерии, соопшти организаторот на концертот.

Македонски








