
Игор Џамбазов со „Гуру Харе бенд“ ќе одржи концерт во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп на 4 април (сабота) од 19 часот.
Најдоброто од Игор Џамбазов со ‘Гуру Харе бенд’ ќе биде на сцената, при што најпознатите хитови ќе прозвучат во полн сјај. Ќе се изведат и песни од последниот албум ‘Првите триесет’. Ќе се слават блузот и пишаниот збор. ‘Најдоброто од Игор Џамбазов’ е во рамките на ‘С.О.С фестивалот‘, кој во 2026 ќе се одржи во повеќе градови низ Македонија и е поддржан од Министерството за култура и туризам“, вели организаторот „Фреш унион“.

Македонски


