Skip to main content

Јаневска ја испеа „Ако утре ме нема“: Еден од најтешките настапи во мојата кариера

Македонската пејачка Андријана Јаневска заедно со Битолскиот камерен оркестар и Благојче Трајковски на кларинет, на концертот „Засекогаш во срцата“, ја изведе „Ако утре ме нема“ од ДНК, како што кажа, една од најтешките изведби во нејзината кариера.

Еден од најтешките настапи во мојата кариера… Ако утре ме нема од ДНК ја изведов во придружба на Битолскиот камерен оркестар и Благојче Трајковски на кларинет, напиша нa Фејсбук познатата македонска пејачка и универзитетски професор Андријана Јаневска.

Концертот „Засекогаш во срцата“ во Битола првично требаше да биде вечер посветена на Тоше Проески, но по трагедијата во Кочани беше презакажан и дополнително посветен на сите загинати.

Покрај тоа, музичарите од Камерен оркестар на Битола и Центарот за култура Битола одлучија дел од средствата наменети за нив да ги донираат за помош на Кочани.

Поврзани вести