Skip to main content

Флејти и пијано во совршена хармонија – концерт на триото „Анимато“ вечерва во Тирана

Во организација на Културно-информативниот центар на Македонија во Тирана (КИЦ Тирана), во соработка со фестивалот „Магична флејта“, во петок, 07 ноември 2025 година, со почеток во 19:00 часот, во концертната сала „Фердинанд Деда“ при националната телевизија РТШ, ќе се одржи концерт на триото „Анимато“.

На сцената ќе настапат:

  • Даниела Неделковска – флејта
  • Симона Марочковска Манојловска – флејта
  • Светлана Димитриевска – пијано

Публиката ќе има можност да ужива во внимателно избрана програма со дела од Прокопиев, Шор, Елгар и Доплер, кои ќе ја доловат разновидноста и убавината на класичната музика преку виртуозноста на македонските уметници.

По настапот на триото „Анимато“, концертната вечер ќе продолжи со изведба на оркестарот на РТШ, под диригентство на Фатос Керимај, со што ќе се заокружи уште еден значаен културен настан кој ја продлабочува соработката меѓу Македонија и Албанија на полето на музиката и културата.

Поврзани вести