
Со вечер посветена на млади музички таленти започна четвртото издание на Охрид Џез Фестивал.
Како што објави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, публиката синоќа во предворјето на црквата „Света Софија“ го проследила концертот „Ехо од Македонија“.
На концертот настапиле ученици и професори од ОМУ „Методи Патче“ од Охрид, заедно со детскиот хор при училиштето.
Фестивалската програма продолжува и вечерва, кога пред охридската публика ќе настапат Сашко Костов и Орхидеја Дукова.
Според најавата, нивниот настап ќе донесе спој на традиционална македонска музика и современ џез израз.
Охрид Џез Фестивал годинава се одржува по четврти пат и продолжува со програма што ги поврзува младите музичари, домашната музичка традиција и современите џез форми.

Македонски


