Skip to main content

Девет концерти на врвни музички групи и специјална филмска продукција на годинашниот ОФФест

На 24-то издание на ОФФест, кое што ќе се одржи од 5-ти до 8-ми јуни во Националната опера и балет и во Младинскиот културен центар во Скопје ќе настапат врвни музички артисти и групи од осум различни земји.


ОФФест 2025 ја има најсилната програма во последните неколку години и нуди девет концерти на врвни музички артисти и групи од осум различни земји и една специјална филмска проекција. Широката музичка лепеза и разноликоста во жанрови, емоции и доживувања на скопската публика ќе ѝ приредат неповторливо искуство и ќе ја зацврстат позицијата на ОФФест како еден од најпознатите европски фестивали за музика на светот – наведуваат организаторите.

Меѓу учесниците се Драган и Ратко Даутовски и составот „Луфтханза“ од земјава, Кимо Похјонен од Финска, Vieux Farka Touré од Мали, Јулија Козакова Трио од Словачка, Canzoniere Grecanico Salentino (CGS) од Италија, Марија Жоао од Португалија, Флоренс Адони од Гана, Мордаи од Унгарија.

Поврзани вести