
Концертот на Мариа Мендеш и Националниот џез оркестар ќе се одржи со хуманитарна цел.
Средствата од продажбата на билетите ќе бидат донирани за семејствата на настраданите и повредените во Кочани. Во холот ќе бидат поставени и кутии за донации во кои ќе може дополнително да се донираат средства.
Оваа одлука произлезе од немилиот настан кој се случи во Кочани и нѐ погоди сите нас и претставува наш придонес за семејствата на засегнатите од трагедијата. Би ни значело доколку и вие учествувате во оваа акција преку набавување на билети за концертот.
Билетите за концертот може да ги набавите online на https://mktickets.mk/event/maria-nacionalen-jazz-orkestar/, на продажните места на MKTickets и на Билетарата на Националната опера и балет.
25 март
Национална опера и балет
20:00 часот