По двата распродадени концерти на „21 Век“ во Котур на 20 и 21 февруари, ќе се одржат трет и четврти концерт на 22 и 23 февруари од 21 часот, со што ќе се затвори овој концертен маратон.
Музиката на „21 Век“ претставува силно експресивна палета на влијанија движејќи се од правци како пост-панк сè до македонската традиционална музика. Критичарите, нивната музика ја карактеризираат како „поп музика вкоренета во длабок андерграунд
’21 век’ се најљубовниот панкерски бенд или најпанкерскиот љубовен бенд. Нема друг како Васко, кој може во 3 скромни зборови да опише еден цел грст емоции. А Раде и Дени, неговите санчопансовци, умешно го следат јавајќи кон зајдисонцето. Со нивните 3 енергетски набиени албуми издадени во рок од две години, 21 век само го трансформираа целото музичко и животно искуство од нивните претходни состави (My tear, Bernays Propaganda, FxPxOx, XAXAXA) во лирична зрелост. 21 век не е бенд, туку жесток порив за корнење на срцето. Да заплачеш и заиграш.“ – Здраво млади.