Skip to main content

„50 години Диско Селектор“ – последниот сценски танц на Драган Б. Костиќ

Зборот легенда во овој регион се користи многу често – без било какви аргументи. Ако некој заслужено го носи зборот ,,легенда”, тоа со сигурност е Драган Б. Костиќ. Авалон Продукција ќе го организира ,,последниот танц” на сцена на Драган Б. Костиќ, по повод 50 години од легендарната ,,Диско селектор”. Настанот ќе се случи вечерва во СЦ Јане Сандански, со почеток во 21:00 часот.

Драган Б. Костиќ е еден од најлегендарните фигури во македонската културна сцена – новинар и водител со преку 14.000 радио емисии и 20.000 часа минати пред микрофон, диџеј со преку 2.000 настани, човек кој има пораснато и музички и културолошки едуцирано повеќе од 5 генерации.

Сосема случајно, но ете, така било пишано, последниот сценски танц на Драган е закажан токму за Денот на бившата голема Република, се вели во објавата од Авалон Продукција.