Skip to main content

Мицкоски во Делчево на на концертот во рамките на проектот „Македонијо во срце те носиме“

Премиерот Христијан Мицкоски вчера беше во посета на Делчево, каде што оствари средби со граѓаните и присуствуваше на концерт во рамките на проектот „Македонијо во срце те носиме“.

„Имав можност да разговарам со граѓаните и да ја почувствувам топлината и гостопримството на овој убав град,“ напиша Мицкоски на својот профил на Фејсбук.

Тој истакна дека концертот бил исполнет со прекрасни македонски песни кои ја носат во себе душата и идентитетот на народот. „Овој концерт е уште една потврда дека љубовта кон Македонија се чува преку песната, традицијата и заедништвото. Горди сме што македонската култура живее, се пее и се пренесува на новите генерации,“ порача премиерот.

„Македонија е во срцето на секој од нас!“ заврши Мицкоски.

Поврзани вести