Skip to main content

Крива Паланка во знакот на традицијата,културата и музиката

Општина Крива Паланка ја најавува завршницата на августовската културна програма, која од 25
до 29 август ќе донесе значајни културни манифестации, меѓународни гости, традиционални
содржини и голем музички настан.

Годинава, велат од таму, фестивалот ќе обедини фолклорни ансамбли од десет земји:
Македонија, Полска, Холандија, Црна Гора, Турција, Словачка, Хрватска, Србија, Бугарија и
Украина. Во текот на трите фестивалски вечери, со почеток во 19:30 часот, публиката ќе има
можност да го доживее богатството на народните носии, песни, ора, ритми и обичаи од различни
култури.
Паралелно, од 25 до 27 август, на Кејот на Крива Река ќе се одржи „Шопско село“ – Фестивал на
занаети, ракотворби и храна, посветен на народното творештво, традиционалните производи и
домашната гастрономија. Дел од програмата ќе биде и традиционалната подготовка на гулаш, во
духот на заедништвото и гостопримството.
Кулминацијата на богатата августовска програма е на 29 август, кога на Градскиот стадион во
Крива Паланка ќе се одржи голем целовечерен концерт со настапи на Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и
Слаткар.
„Со програмата што ги спојува културното наследство, традицијата, гастрономијата и
современата музичка сцена, Крива Паланка продолжува да создава содржини што го
збогатуваат културниот живот и го промовираат градот пред домашната и регионалната јавност“.

Поврзани вести