
Скопје станува дел од светската музичка мапа со концертот на единствената Емели Санде, најмоќниот женски вокал на новата светска соул ера.
На 7 ноември, во арена „Борис Трајковски“, македонската публика ќе има привилегија да ја доживее во живо артистката која ја редефинираше емоцијата во музиката и со својата автентичност го освои светот.
Со повеќе од 20 милиони продадени изданија, милиони стримови и бројни меѓународни признанија, Емели Санде е уметник со несомнен светски статус. Низ годините, нејзините песни како “Next to Me”, “Read All About It”, “Clown”, “Beneath Your Beautiful” и “My Kind of Love” станаа химни на милиони луѓе. Таа е позната по способноста секоја нота да ја претвори во приказна, а секој настап во незаборавен момент. Нејзиниот вокал, опишан како еден од најпрепознатливите на современата сцена, носи сила, длабочина и искреност што ретко кој артист денес ја поседува.
Концертот на 7 ноември, ќе биде дел од нејзината европска турнеја, на која Емели Санде се претставува во модерно, свежо и драматично продукциско пакување. Настапот во Скопје ќе понуди врвна жива изведба со бенд, моќна продукција, визуелни елементи и сценографија, сет листа што ги опфаќа најголемите хитови и нови песни, интимни моменти во кои Емели ја открива својата уметничка душа пред публиката.
Дополнително, концертот на Емели Санде во Скопје се реализира во рамките на Scream Festival – фестивал кој обединува врвни светски и регионални уметници и носи силна културна и продукциска вредност на домашната сцена.
Покрај настапот на Емели Санде, фестивалската програма ќе вклучи и други внимателно одбрани изведувачи, создавајќи неколкучасовно музичко доживување.
Скопје подолго време чекаше ваква уметничка вечер, а 7 ноември ќе биде момент кога главниот град ќе пулсира во ритамот на едно од најмоќните женски вокални имиња на денешницата. Настан што ќе ги подигне стандардите, што ќе донесе светска емоција дома и што ќе остане запаметен како едно од најубавите музички доживувања.
Една вечер. Еден глас. Еден незаборавен момент. Емели Санде на 7 ноември во Скопје.

Македонски




