Skip to main content
iSDceLwS0r4

Коки Јанков промовираше две нови песни од двојниот албум, во пресрет на концертот на 14 ноември во Скопје

Коки Јанков промовираше две нови песни од албумот „Навикни на промени“, насловен по хитот на Дуле и Коки. Новите преработки на хитовите на ова дуо, омилено кај сите генерации, се „Мене место не ме фаќа“ и „Бела ајта“, кои веќе се достапни на сите музички платформи.

Како што претходно најави, виолинистот секој понеделник ќе објавува по две песни од овој двоен албум, кој ќе содржи вкупно 20. Минатиот понеделник, тој доби позитивни коментари за преработките на „Залудно е да се напијам“ и насловната „Навикни на промени“. Сите овие песни ќе можат да се слушнат на концертот закажан за 14 ноември во Филхармонија, по повод 30 години од хитот „Виолина и гитара“, со кој дуото Дуле и Коки победи на фестивалот Макфест во 1996 година.

Понекогаш ни самиот не ми се верува дека поминаа 30 години од тој Макфест, кога Дуле и јас, како тотални анонимуси, победивме на фестивалот со кој пораснавме како деца родени и израснати во Штип. На концертот ќе ги пееме сите песни што некогаш ги испеа Дуле и кои секогаш ги пеевме во еден глас со публиката на сите наши настапи. Ќе имам и гости – драги долгогодишни пријатели“, најавува Коки.

На јубилејниот, 40. Макфест, кој се одржа лани во октомври во Штип, Коки испеа нова верзија на „Виолина и гитара“, за која подоцна направи и спот со помош на вештачка интелигенција. На истиот фестивал, Коки ја изведе и новата песна „Виолина и…“, напишана во чест на Дуле, кој почина на 23 септември 2013 година. Ова беше еден од најемотивните настапи на Макфест, кој публиката го награди со голем аплауз.

Поврзани вести