Skip to main content

„Фолтин“ на 3 мај во Смилево

Фолтин плакат

Оваа година во Смилево абер дојде од Битола, оти Фолтин нишан му тури . После секој концерт на Фолтин местото на настанот не е веќе исто . Смилево ќе се фолтиноса и повторно в оган ќе гори , но оној вистинскиот – љубовниот!

3ти мај 2025 / сцена „Сретсело“ – Смилево

“Се роди и пројде низ “порти” ширум отворени, та влезе и во нив дух профетски и покажа десна рака што кон нас се подаде. И надојде народ што веднаш се понесе…

Иконично во градот Битола пред 29 години Фолтин се предназначи. Оттогаш години и години онаа исходечка љубов – нудењето себеси за другите, не’ води кон глубините на себеси, како луѓе, како народ, зашто зеленото светло од “семафорот” на слободната љубов во Македонија 30 години е резервирано за Фолтин.

Нема љубовна врска што не се родила на концерт на Фолтин.

Нема место што не оживеало токму на Фолтин. Нема скришни ќошиња што не запеале песна за двајца…

Поврзани вести