
Новиот документарец од режисерот награден со Оскар, Мартин Скорсезе, ќе прикаже разговор со покојниот папа Франциско за напорите на водачот на Католичката црква за образование преку филм, соопштиле продуцентите на филмот во средата.
Документарниот филм, насловен како „Aldeas – A New Story,“, е „вкоренет во верата на папата во светата природа на креативноста“, се вели во соопштението на филмаџиите.
Тие рекле дека никогаш претходно виденото интервју со Скорсезе е „последното обемно интервју на Папата снимено на камера и наменето за филм“. Франциско почина овој месец на 88-годишна возраст, а беше погребан во сабота.
Документарецот ќе ја претстави работата на образовното движење „Scholas Occurentes“, основано од папата Франциско, и проектот „Aldeas“, кој поддржува снимање кратки филмови за промовирање на културно разбирање.
Пред да почине, Франциско документарниот филм го нарекол „исклучително поетски и многу конструктивен проект бидејќи оди до коренот на тоа што е човечкиот живот, човечката социјалност, човечките конфликти, суштината на животното патување“, рекле креаторите на филмот.
Нема информации кога ќе биде објавен филмот.