
„Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска вечерва ја доживеа својата премиера во Скопје, отворајќи едно тивко, но длабоко емотивно филмско патување, напиша на својот фејсбук профил министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
Ова е моќна македонска приказна за човекот и штркот Силјан, раскажана со исклучителна чувствителност, суптилност и визуелна убавина.
Филм што својата светска авантура ја започна во Венеција, каде освои престижна награда, а потоа продолжи да ги освојува фестивалите ширум светот и беше откупен од National Geographic Documentary Films.
Вечерва, Силјан полета од Скопје и неговиот лет допрва ќе се памети.

Македонски






