Skip to main content

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Холивудскиот актер Том Круз (62) ја доби највисоката награда на американската морнарица за исклучителен придонес за морнарицата и маринскиот корпус со улогите во филмови како „Топ ган“, „Роден на 4 јули“, „Неколку добри луѓе“ и „Топ ган: Маверик“.

На Круз, кој снимаше во Велика Британија, му беше врачена наградата за истакната јавна служба од страна на американскиот секретар за морнарица Карлос дел Торо на церемонијата во студиото „Лонгкрос“ во близина на Лондон.
Холивудскиот актер изјави дека е горд што го добил „извонредното признание“, заедно со медал и сертификат.

„Топ ган“, хит филмот за летечките асови од Студената војна од 1986 година, го направи Круз ѕвезда и доведе до зголемено ненадејно пријавување во војска. Морнарицата дури поставила бироа за регрутирање во театрите.

Интересот бил обновен во 2022 година со продолжението „Топ ган: Маверик“, во кое ликот на Круз беше ментор на новата генерација елитни авијатичари.

Следната авантура на Круз на екранот, „Невозможна мисија: Конечната одмазда“, пристигнува во кината во мај 2025 година.

Поврзани вести